Во трназитниот центар Табановце има 1.450 мигранти
Во транзитниот центар Табановце има околу 1.450 мигранти, со што неговиот капацитет е веќе надминат, но, надлежните велат дека имаат услови да обезбедат храна, вода, медицинска помош...

Околу 100 мигранти, претежно жени и деца, од меѓуграничната линија на Македонија и Србија, вчера попладне и денеска се префрлени и сместени во четири големи шатори, донација од „Лекари без граници“ во транзитниот центар Табановце.
Групата од 437 мигранти, кои со воз пристигнаа на 7 март, не успеа да го продолжи тразитот кон север, бидејќи српската страна реши да не пропушта мигранти. Тие, четири дена поминаа на отворено во меѓуграничната линија, сместени во мини шатори.
Во транзитниот центар Табановце има околу 1.450 мигранти, со што неговиот капацитет е веќе надминат, но, надлежните велат дека имаат услови да обезбедат храна, вода, медицинска помош, облека и други услови.
