Пет години од катастрофалниот земјотрес во Јапонија
Илјадници луѓе со цвеќиња и свеќи во рацете, се собраа долж 500 километарскиот брег на областа, што беше погодена од катастрофата...

Со минута молчење, во Јапонија почна одбележувањето на петтата годишнина од разорниот земјотрес, во кој загинаа и исчезнаа 18.500 луѓе. И покрај потрагата, телата на 2.561 лице се уште не се пронајдени.
Илјадници луѓе со цвеќиња и свеќи во рацете, се собраа долж 500 километарскиот брег на областа, што беше погодена од катастрофата. На националната церемонија во Токио, која ја предводеа јапонскиот цар и царица, заедно со премиерот Шинзо Абе, присуствуваа и голем број официјални лица, како и дел од преживеаните.
Земјотресот со јачина од 9 степени по Рихтер, во 2011-та го погоди североистокот на Јапонија, по што десетметарскиот Цунами го разори брегот.
Земјотресот е забележан како најсилниот во историјата на земјата.
