Тешка сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“
11.03.2016 13:23
Според полициски и лекарски извори, на возачот најверојатно му се слошило, по што загубил контрола над возилото и удрил во оградата на мостот.

Во тешка сообраќајна несреќа, на мостот „Гоце Делчев“ животот го загуби возач на Фиат уно.
Според полициски и лекарски извори, на возачот најверојатно му се слошило, по што загубил контрола над возилото и удрил во оградата на мостот.
Лекарите се обиделе со реанимација да му помогнат, но безуспешно.
