Случај „Ќелија“: Шестмина се спогодуваат со обвинителството
11.03.2016 13:26
Ако не се спогодат, одново ќе застанат пред судечкиот совет, пред кого ќе ги изнесат приговорите на обвинителниот акт.

Шестмина осомничени во случајот „Ќелија“ изразија подготвеност да ја прифатат вината. Во наредните 15 дена ќе се спогодуваат со јавниот обвинител за висината на казната.
Ако не се спогодат, одново ќе застанат пред судечкиот совет, пред кого ќе ги изнесат приговорите на обвинителниот акт.
Се товарат за учество во паравоена формација на територијата на Сирија.
Петмина членови на групата на денешната седница за оценка на обвинителниот акт, рекоа дека не се чувствуваат виновни, но побараа да им бидат предочени доказите.
