Американските муслимани бараат извинување од Трамп
11.03.2016 13:58
Трамп во интервју за СИ-ЕН-ЕН изјави дека смета оти исламот го мрази западот, притоа додавајќи дека тука не ги вклучува сите муслимани, туку повеќето од нив.

Водечката муслиманска невладина организација во САД побара од фаворитот на Републиканската партија за номинација за претседателски кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп да се извини поради изјавата дека „Исламот го мрази западот“.
Трамп во интервју за СИ-ЕН-ЕН изјави дека смета оти исламот го мрази западот, притоа додавајќи дека тука не ги вклучува сите муслимани, туку повеќето од нив.
Трамп додаде дека постои голема омраза кон американците од страна на муслиманите, потсетувајќи на нападот од 11 септември 2001 година.
