Доктор Офболи во Македонска опера и балет

24.01.2014 12:58

Во недела, 26 јануари, 2014 година, со почеток во 12 часот, Македонската Опера и Балет ќе одржи матине претстава за деца. „Доктор Офболи“ е најгледаната детска балетска претстава за минатата година и по тој повод добитничка на „Златна Буба Мара“ за 2013 г. Тоа е класична сказна за вечната борба помеѓу доброто и злото, во која на крајот, се разбира дека ќе победи ДОБРОТО. Изобилува со прекрасна музика, костими и сценографски елементи и децата ја следат со воодушевување. Кореографијата за оваа претстава на сцената на МОБ ја пренесе прославениот балет мајстор од Русија, Михаил Крапивин.

Напомена: Ги потсетуваме нашите ценети посетители дека поради градежни зафати, влезот во Македонската Опера и Балет е преку подземната гаража од страната на аптеката „Зегин“ и од страната на Факултетот за Музичка уметност.