Димитриев: Невработеноста намалена за 3%, отворени 20.000 работни места

11.03.2016 14:25

Премиерот за спроведување на изборите, Димитриев на средбата со раководството на Агенцијата за вработување, рече дека намалувањето на невработеноста на 24,6 проценти е резултат на спроведените политики...

За една година невработеноста се намалила за 3 проценти, се отвориле речиси 20 илјади нови работни места. Премиерот за спроведување на изборите, Димитриев на средбата со раководството на Агенцијата за вработување, рече дека намалувањето на невработеноста на 24,6 проценти е резултат на спроведените политики.

„Ова е голем успех за сите институции кои се вложија во реализацијата. Намалувањето на невработеноста е резултат на повеќе реализирани мерки и политики на Владата. Повеќе институции беа вклучени во оваа активност, но најзаслужна е Агенцијата за вработување“, изјави Димитриев.

Невработеноста и натаму ќе опаѓа како резултат на најавените нови инвестиции од домашни и странски компании - вели Димитриев. Според него, ова ќе повлече и зголемување на платите. На средбата со АВРМ е договорена и поголема стимулација на практиканството кај средношколците и кај младите високообразовни кадри во компаниите за полесно да дојдат до работно место. 

 

Викторија Милевска