ЕК: Затворањето на балканската рута е факт, а не намера
11.03.2016 15:07
Државите во регионот почнуваат да го применуваат Шенген договорот и прекинаа со препраќање на мигрантите...

Во заклучоците на Европскиот совет, усвоени во вторникот, се наведува дека патот на мигрантите преку Западен Балкан е затворен. Со тоа се посочува еден факт, а не намера, изјави денеска на прес-конференција во Брисел, портпаролот на Европската комисија Маргаритис Схинас.
Државите во регионот почнуваат да го применуваат Шенген договорот и прекинаа со препраќање на мигрантите. Важно е да пронајдеме краткорочна итна поддршка за мигрантите, кои останаа во Грција, вели Схинас, сложувајќи се дека сето ова се случува побавно од посакуваното.
