Јапонија: Пет години по катастрофалниот земјотрес
И покрај потрагата, телата на 2.561 лице се уште не се пронајдени. Илјадници луѓе со цвеќе и свеќи во рацете се собраа долж 500 километарскиот брег на областа која што беше погодена од катастрофата...

Јапонија денеска ја одбележува петтата годишнина од катастрофалниот земјотрес и цунами во кој загинаа и исчезнаа 18.500. И покрај потрагата, телата на 2.561 лице се уште не се пронајдени. Илјадници луѓе со цвеќе и свеќи во рацете се собраа долж 500 километарскиот брег на областа која што беше погодена од катастрофата. На националната церемонија во Токио која ја предводеа јапонскиот цар и царица, заедно со премиерот Шинзо Абе присуствуваа голем број официјални лица како и дел од преживеаните. Абе вети дека ќе ги зајакне напорите за обнова на областа пред олимписките игри во 2020 година во Токио. Вети и забрзана деконтаминација на озрачените области во близина на нуклеарната централа Фукушима.
„Реконструкцијата во погодение области напредува. Владата е решена никогаш повеќе да не дозволи ваквите вредни лекции од несреќата да еродираат“, изјави Шинзо Абе, премиер на Јапонија.
„Многу луѓе продолжуваат да живеат во тешки услови до ден денес, и во погодените области и во местата каде што се евакуирани. Важно е нашите срца да продолжат да чукаат заедно со оние на засегнатите луѓе, за сите тие, без исклучок да можат да му се вратат на нормалниот живот што е можно поскоро“, рече императорото Акихито.
Во градот Минамисанрику група туристи им оддадоа почит на жртвите молејќи се на местото на некогашниот центар за превенција на катастрофи каде што 43 работници загинаа откако цунами ја зафати трокатната зграда. Поголемиот дел од областа Тохоку е се уште празен.
„Немам намера да кажувам што не е во ред со реконструкцијата, но исто така не можам да видам каде води таа“, вели жител на Токио.
Земјотресот со сила од 9 степени по рихтер во 2011 го погоди североистокот на Јапонија, по што десетметарски цунами го разорија брегот. Земјотресот е забележан како најсилниот во историјата на земјата.
Марина Автовска
