МВР ќе вработи 12 пилоти
МВР преку јавен конкурс ќе вработи 12 пилоти...

МВР преку јавен конкурс ќе вработи 12 пилоти. Најспособните кои ќе ја имаат привилегијата да бидат во елитната единица прво ќе треба да ја минат строгата селекција, по што ќе имаат 19-месечна обука. Потоа ќе добијат сертификат за полициски пилот. Заинтересираните, од утре, па во наредните 28 дена ќе можат да аплицираат преку електронски пат во Секторите за внатрешни работи или во полициските станици Гази Баба, Бит-пазар и Карпош.
„Обуката која е скапа ќе биде најсовремена, и во моментот ја практикуваат најразвиените земји, а избраните кандидати ќе стекнат знаење не само за основните туку и за специфичните вештини за пилотирање хеликоптери во посебни услови“ - рече министерката Јанкулоска
Кандидатите треба да бидат државјани на Република Македонија, да бидат полнолетни, не постари од 25 години ако конкурираат со средно образование или максимум до 30 години ако имаат високо образование. Треба и добро да го знаат англискиот јазик. Кандидатите може да бидат со и без работно искуство. Досега во полициската хеликоптерска единица немало жена пилот.
МВР има 7 хеликоптери. Ова е првпат на ваков транспарентен начин да се врши селекција на полициски пилоти.
Наташа Гркова –Петрушевска
