Попоски: Преговори за членство на Македонија во ЕУ за стабилизација и просперитет на Балканот
Mинистерскиот состанок го отвори австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, кој порача дека Австрија останува посветен партнер на Република Македонија во евро-атланскиот интегративен процес.

Отворањето на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија е фактор за обезбедување на долготрајна стабилизација и просперитет на Балканoт. За тоа сведочи и седмата последователна препорака од Европската Комисија за почеток на преговорите, дoлгогодишните реформи како и одговорноста што ја покажуваме при справувањето со мигрантската криза, се дел од пораките што министерот за надворешни работи на Република Македонија ги упати на неформалниот министерски состанок што се одржа вчера во Виена, соопшти МНР.
Mинистерскиот состанок го отвори австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, кој порача дека Австрија останува посветен партнер на Република Македонија во евро-атланскиот интегративен процес.
Eврокомесарот на проширување Јоханес Хан за Македонија, истакна дека успешно спроведување на изборите во јуни и фокус на клучните реформи е темел за напредок на нашата држава во евроинтеграциите.
