Над 1.500 учесници на прилепскиот карневал за Прочка
Се одржа 15-от јубилеен карневал „Прочка 2016“ во Прилеп. Над 1.500 учесници, домашни и од странство преку маските ги раскажуваат своите традиционални и современи приказни и пораки. Прилепските мечкари- заштитната маска на чело на карневалското дефиле...

Мечкари, гости, ангели, шеици, тутунари, мистерии, насекаде преправени. На карневалот „Прочка“ во Прилеп преку 1.500 групни маски од земајва, од Балканот и Италија. Дефилираа, ги претставија традиционалните, современите, маските кои раскажуваат приказни.
„Нашата маска се вика „Ангел мен“. Го претставува разбудувањето на перниите, потоа преку игра целиот ден и на крајот, заспивањето.“
„Сардинија има традиционален карневал во февруари и во август. Маската е повеќе од два века и севика „мечката и човекот кој ја фаќа“. Прв пат сме во тука и ве покануваме на карневал кај нас.“
„Имаме традиционална маска, се вика „Стари страчинари“ која доаѓа од селото Мокриево, струмичко.“
„Маската се вика „Весели тутунари“. Нормално, тутунарите ќе берат од тутунот. Дел од нив ќе се веселат. Јас сум шеикот кој треба да го откупам тутунот и им давам куфер со пари велат маскираните на карневалот.“
Организаторите и гостите задоволни од карневалската атмосфера.
„Многу весела атмосфера овој викенд во Прилеп. Петнаесеттиот јубилеен карневал „Прочка“ засега се одвива во најдобар ред. Пречекани се сите гости. Ги имаме доста“, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
„Прилепските мечкари и другите групи имаат патувано речиси во сите балкански земји каде ја претставуваат нашата култура и надалеку сме познати како Прилепските мечкари бидејќи секаде не очекуваат“, вели Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“.
„Сакам да му го честитам 15-иот јубилеј на карневалот. Многу луѓе видов на улиците. Тоа значи дека Прилеп е многу битен карневалски град во Македонија, вели Ван дер Крон, претседател на Европската асоцијација на карневалските градови.
И старо и младо на Прочка во Пирлеп е преравено.
„Оригинален е. Ми сечини дека вака никогаш не било“, велат прилепчани.
Вечер е ретроспективната изложба за јубилејниот 15- прилепски карневал, а потоа и заедничката забава на годинашниве маскари.
Елизабета Митреска
