Фајман: Да се затворат алтернативните рути за бегалците
Во синоќешното интервју на австриската државна телевизија ОРФ, Фајман изјави дека својот став во политиката кон бегалците го променил бидејќи осознал дека во сите следни години може да се очекува уште поголем број мигранти.

Австрискиот канцелар Вернер Фајман смета дека треба да се затворат алтернативните рути, без разлика дали станува збор за Италија или за Бугарија бидејќи, доколку тоа не се стори уште овој месец, летово Европа повторно ќе биде пред „целосно нерешлива задача“.
Во синоќешното интервју на австриската државна телевизија ОРФ, Фајман изјави дека својот став во политиката кон бегалците го променил бидејќи осознал дека во сите следни години може да се очекува уште поголем број мигранти.
„Бидејќи нема европско решение, ние не сме подготвени да примиме повеќе од 37 илјади и 500 бегалци. Тоа е нашиот хуманитарен придонес“, нагласи Фајман.
Воводувањето ограничувања за прифаќањето бегалци, Фајман го нарече „план б“ за самоодбрана.
