Терористички напад во Гранд Басам, Ал Каеда ја презеде одговорноста

14.03.2016 11:38

Убиени се 14 цивили, двајца војници и шестмина од напаѓачите. Меѓу жртвите има и четвроца европејци....

Терористички напад и во туристичкиот град Гранд Басам во Брегот на Слоновата коска. Убиени се 14 цивили, двајца војници и шестмина од напаѓачите. Меѓу жртвите има и четвроца европејци.

Француското министерство за надворешни соопшти дека меѓу загинатите е и еден французин. Нападот го извршиле добро вооружени лица во три хотели во градот.

Фракција на Ал Каеда во Африка ја перзеде одговорноста за крвавиот напад.