Протести во Бразил, се бара оставка од претседателката Русеф
14.03.2016 11:41
Протести беа организирани и во голем број други бразилски градови, во кои се вклучија вкупно околу три милиони луѓе.

Околу милион и 400 илјади лица учествуваа во демонстрациите во бразилскиот град Сао Паоло, со барање за оставка на претседателката Дилма Русеф.
Протести беа организирани и во голем број други бразилски градови, во кои се вклучија вкупно околу три милиони луѓе.
Стотици илјади лица се собраа на протести против корупцијата на власта во Рио Де Жанеиро.
