ФЗОМ: Околу 3.500 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги
Како што соопштуваат од ФЗОМ, најчесто користена електронска услуга е услугата за заверка на ортопедски помагала, која 2.838 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.

Според првичните податоци на Фондот за здравствено осигурување, за само еден месец од кога се воведени електронските услуги, 3.498 осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право.
Како што соопштуваат од ФЗОМ, најчесто користена електронска услуга е услугата за заверка на ортопедски помагала, која 2.838 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.
Преку електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување најголемата придобивка за осигурениците, фирмите и здравствените работници е тоа што се избегнува одењето во подрачните служби, а со самото тоа се избегнува и трошењето на време и финансиски средства, но и можноста за увид во сопствениот предмет, дали истиот е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства.
Од Фондот велат дека ќе продолжат и во иднина да ја унапредува својата работа и комуникацијата со осигурениците, фирмите и здравствените работници во насока на воспоставување на целосен ефикасен и ефективен систем со една и единствена цел – задоволни осигуреници.
