Украинците побараа напуштање на преговорите со власта

24.01.2014 13:22

По неуспешната средба со претседателот Јанукович, украинските опозициски лидери се повлекоа од преговорите и повикаа на генерален штрајк, а Евромајданот гласаше – „за“.

„Кој е за продолжување на преговорите со Владата, нека крене рака. Кој е за напуштање на преговорите, нека крене рака“ – со извици на противење и поддршка се изјасни народот на прашањето на опозицискиот лидер Олег Тјанибок.

Во Киев, без да наидат на отпор, радикалите од „Десниот сектор“ влегоа во Министерството за земјоделство и го прогласија за база на своите вооружени сили.

„Не постигнавме многу. Ако нема отпор, подготвени сме да ги ослободиме затворениците и да ги прекинеме насилствата“, рече Виталиј Кличко, опозициски лидер на „Удар“.

„Нема враќање! Барам дисциплина. Го поддржувате ли тоа? Им се обраќам на сите – ќе ги следите наредбите прецизно? Ќе го прошириме ли Мајданот?“, праша Арсениј Јаценјук, опозициски лидер од „Татковина“.

Лавов, Ивано-Франкивск, Тернопол, Хмељницки, Ровно и Черкаси се дел од градовите што му се придружија на Киев. Освоени се административни згради и запрени се патни правци со запалени гуми и возила. Демонстрантите блокираа повеќе бази на Беркут-специјалците и освоија една, каде што откако кренаа барикади, протестите продолжија мирно. Власта обвинува – ги имаме сите знаци на класичен државен удар.

„Вторпат опозициските лидери одбија јавно да се оградат и да ги осудат екстремистичките акции. Прашање е дали воопшто сакаат да го контролираат развојот на радикалните настани“, вели министерката за правда Олена Лукаш.

Јанукович завчера гарантираше дека нема да воведе вонредна состојба, но украинскиот мобилен оператор ги демантира тврдењата на некои медиуми дека ги блокира врските за таа цел. Брисел е сериозно загрижен од развојот на настаните. Еврокомесарот Филе, кој е во Киев, наредната недела ќе се сретне со Јанукович. Најавени се и посети на високата претставничка Ештон и на други членови на Европарламентот. Ситуацијата во Украина ќе биде во фокусот на самитот ЕУ-Русија в среда.

Ивана Салтировска