Тројца мигранти се удавија во надојдената вода на Сува Река
Според првичните информации, се работи за полнолетни мигранти од Авганистан и од Иран. Групата од 26-мина мигранти илегално ја минале македонско- грчката граница во близина на село Моин.

Тројца мигранти рано изутрината се удавиле во надојдената вода на Сува Река. Според информациите од Центарот за управување со кризи- Гевгелија, две од удавените се сестри и еден маж. Несреќета се случила при обид да ја преминат реката.
Македонските безбедносни сили што ја контролираат македонско- грчката граница затекнале уште 23-ца мигранти во водите на Сува Река. Припадници на Центарот за управување со кризи и АРМ со помош на механизација успеале за кусо време да ги извлечат. По укажаната помош четворица од мигрантите биле хоспитализирани во гевгелиската болница, а преостанатите 19-мина биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија.
Според првичните информации, се работи за полнолетни мигранти од Авганистан и од Иран. Групата од 26-мина мигранти илегално ја минале македонско- грчката граница во близина на село Моин.
Сува Река со години немала вода, но поради интензивните врнежи деновиве водата била надојдена.
