Чамец со мигранти се преврте во Егејското Mоре

14.03.2016 12:00

Во меѓувреме, бројот на мигранти и бегалци кои се сместени во Пиреја достигна околу четири илјади.

Чамец со непознат број имигранти денеска се преврте во Егејското Море, во близина на островот Кос. Петмина од мигрантите успеале да допливаат до брегот на островот. Според нив, во чамецот имало уште осум Пакистанци.

Во моментов во тек е операција за пронаоѓање на преживеани, во која учествуваат брод и хеликоптер на грчката крајбрежна стража, и брод на европската агенција за управување со надворешните граници Фронтекс. Временските услови се многу лоши и во областа дува силен ветар.

Во меѓувреме, бројот на мигранти и бегалци кои се сместени во Пиреја достигна околу четири илјади. Според последни податоци, бројот на заглавени мигранти и бегалци на грчките острови Лезбос, Хиос и Самос, достигна 9.259 луѓе.