Најмалку 35-мина загинати во терористичкиот напад во Анкара

14.03.2016 12:39

Турскиот претседател Ердоган се закани дека теоризмот ќе го фрли на колена. Истакна дека нападт само ја зајакнува намерата на Турција во борбата против терористичките групи.

35-мина загинати и 125 лица повредени е црниот биланс од синоќешниот крвав напад во Анкара. 9-мина се во критична состојба. Разорната екплозија се случи во близина на централниот Гевен парк, клучно транспортно и трговско место. По нападот се слушнале и истрели.

Локалните медиуми јавуваат дека експлозијата уследила по судир на автомобил и автобус во кој имало 20-тина патници. Според медиумите, САД претхнодно ги предупредиле своите државјани од евентуален терористички напад во турската метропола.

Турскиот претседател Ердоган се закани дека теоризмот ќе го фрли на колена. Истакна дека нападт само ја зајакнува намерата на Турција во борбата против терористичките групи. Турската армија денеска бомбардираше кампови на курдските бунтовници во Ирак по вчерашниот напад.

„Ова го раскина нашето срце. Сите тие луѓе што се убени или повредени, и ова не е првпат. Четири до пет инциденти имаше месецов. Се плашам дека терористичките напади нема да запрат. Нешто не е во ред, но што?“

„Како е ова можно?! Не сме сигурни, не постои гаранција за безбедност. Тие луѓе прават што сакаа. Ако можат да детонираат бомба во срцето на Анкара, тогаш треба да сме загрижени“, велат жители на Анкара.  

Меѓународната зедница со остра осуда за нападот во Анкара. Генералниот секретар на Советот на Европа, Јагланд истакна дека терористичкиот акт претставува напад врз сите европски вредности..И Џон Кирби, портпаролот на Стејт Департментот го осуди синоќешниот напад истакнувајќи дека САД го потврдуваат силното партнерство со својот НАТО сојузник Турција, во борбата против заедничката закана- тероризмот. Сочуство до турскиот народ испратија и рускиот претседател и премиерот Владимир Путин и Димитриј Медведев. Нападот го осуди и прокурдската Народна демократска партија наведувајќи дека ја делат огромната болка со своите граѓани.