Дождот ја замати водата за пиење од „Лукар“, задолжително превривање
14.03.2016 13:08
Раководителот на Центарот за јавно здравје Кавадарци денеска упати апел до населението од трите општини, задолжително да ја превриваат водата пред употреба.

Изобилните дождови во последниве неколку дена ја заматија водата за пиење од регионалниот водовод „Лукар“ од каде што вода добиваат општините Кавадарци, Неготино и Росоман.
Раководителот на Центарот за јавно здравје Кавадарци денеска упати апел до населението од трите општини, задолжително да ја превриваат водата пред употреба.
