Андреас Маjерхофер - прв човек на Македонски Телеком

24.01.2014 13:27

Од 1 февруари, Андреас Мајерхофер стапува на позицијата главен извршен директор на Македонски Телеком АД-Скопје

Од 1 февруари, Андреас Маjерхофер стапува на позицијата главен извршен директор на Македонски телеком АД-Скопје,  а во исто време е избран и за претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија, соопштија од компанијата. 

Новиот главен извршен директор на Македонски телеком, доаѓа во Македонија од позицијата главен извршен директор на Мобител, Бугарија.

Мајерхофер го замени Тило Куш, кој беше на чело на компанијата од април, 2013 година.