Схинас: На Грција сега и е попотребна помош

14.03.2016 15:07

Ако сега ја согледате состојбата, ќе ви стане јасно од која страна на границата треба повеќе помош, изјави портпаролот на ЕК...

Во моментов финансиска помош и е најпотребна на Грција, која се соочува со голем број мигранти, изјави портпаролот на Европската Комисија, Маргаритас Схинас, одговарајќи на прашање на дописникот на МИА од Брисел за ветените пари за Македонија.

„Ако сега ја согледате состојбата, ќе ви стане јасно од која страна на границата треба повеќе помош. Не е до мене да одредувам, сите ние имаме тажна привилегија да го видиме тоа на вестите секоја ноќ. Тоа е тековен процес. Кога состојбата беше различна, кога движењето беше низ ПЈРМ и низ балканската рута, мислам дека имаше повеќе случаи во кои ја објавивме сумата за помош на ПЈРМ и за другите земји од рутата. Но нема сомнение дека состојбата сега се смени и затоа поддршката треба да биде пропорционална на проблемот“, рече Схинас.