14 цивили убиени во терористички напад во Брегот на Слоновата Коска
Првичните податоци беа дека четворица од загинатите биле европејци. Војници на Брегот на Слоновата Коска вооружени во калашникови денеска патролираат на празните плажи во Гранд Басам...

Фракција на Ал Каеда во Африка ја презеде одговорноста за вчерашниот напад на туристичкото место Гранд Басам на Брегот на Слоновата Коска во кој беа убиени 16 лица. Четворица од загинатите биле државјани на Германија, Франција, на Буркина Фасо и на Камерун.
Претседателот на земјата, Уатара соопшти дека безбедносните сили убиле шестмина од напаѓачите. Првичните податоци беа дека четворица од загинатите биле европејци. Војници на Брегот на Слоновата Коска вооружени во калашникови денеска патролираат на празните плажи во Гранд Басам.
„Сега ќе биде многу тешко за нас тука, бидејќи овде си го заработуваме лебот. Не верувам дека туристите ќе продолжат да доаѓаат овде. Не знам што да кажам, немам зборови“, вели работник во туристичко место.
„Дојдов овде на одмор бидејќи Басам е многу убав и секогаш има многу луѓе. За жал, настаните што се случија му штетат на туризмот и на Брегот на Слоновата Коска. Жалам поради целата оваа ситуација и се надевам дека луѓето ќе продолжат да доаѓаат овде бидејќи ова е навистина прекрасна земја“, вели еден турист од Франција.
Владата за денес свика вонредна седница на која ќе се дискутира за заканите за безбедноста на земјата. Ова беше третиот голем напад, извршен од екстремисти во Западна Африка во последните неколку месеци.
Марина Автовска
