Заев: СДСМ се приклучува на протестот пред Уставен суд
Намерата да се амнестира огромниот изборен криминал ги загрозува темелите на правниот и уставниот поредок врз кој што почива државноста на Република Македонија, истакна лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

СДСМ се приклучува на масовниот протест пред Уставниот суд, најавен и организиран од граѓанските организации. Намерата да се амнестира огромниот изборен криминал ги загрозува темелите на правниот и уставниот поредок врз кој што почива државноста на Република Македонија, истакна лидерот на опозицијата, Зоран Заев.
„Основен принцип на демократијата е владеење на правото. Законот мора да важи за сите подеднакво. Секој што го прекршил мора да одговара. Почитувани граѓани, Македонија не смее да молчи, да не дозволиме да се урнат темелите на правото и правната држава. Да не дозволиме простор за амнестија на криминалците. Повикувам на одбрана на Уставот“, изјави Заев.
Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните утре во 18 часот од пред Владата, преку Собранието да дојдат до Уставниот суд.
