Експлозии во Каиро

24.01.2014 13:32

Египет

Египет

Три експлозии на автомобили-бомби во Каиро. Првата експлозија  се случила во близина на полициска станица при што загинале пет лица, а  над 50 се повредени, соопшти државната телевизија. Детонацијата била многу силна, се слушнала во повеќе делови во градот, а предизвикала и густ чад. „Ќе го обезбедиме плоштадот Тахрир, како и сите поголеми плоштади за време на одбележувањето на годишнината од револуцијата . Луѓето не треба да се плашат„, ќе бидат безбедни изјави Мохамед Ибрахим министер за внатрешни работи. „Бомбата експлодираше во моја близина. Еден шрапнел ме погоди во главата“ изјави жител.Втората се случила во близина на метро при што потешко се повредени  петмина полицајци, во третата нема повредени. Екипи на првата помош се обидуваат да им помогнат на ранетите. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот, а терористичкото движење Муслимаско братство за денеска најави протести по петочната молитва.

Турција

470 полицајци од Анкара добиле отказ од работа во минатата недела, откази имало и во Измир и Ескишекир. Според проценките, откако почна корупцискиот скандал поврзан со Владата биле отпуштени над 5.000 полицајци. Слични мерки се преземени и против судската власт. Премиерот Ердоган ја оцени акцијата како „судски преврат“  

Ил Верт

Пожар во старечки дом во гратчето Ил Верт во близина на Квебек. Петмина загинале, а триесет се водат за исчезнати, откако пламените јазици ја  зафатиле зградата во која имало педесетина возрасни лица.  Се уште не се познати причините за пожарот.

Мичиген

Голем верижен судир на автопат во близина на Мичиген во државата Илиноис. Три лица загина, а дваесетина се повредени. Во сообраќајката учествувале голем број автомобили и камиони. Автопатот е се уште  затворен, а до несреќата дошло откако се превртел еден камион поради снежните наноси  и намалената видливост. 

 

Марија Петковска