Како до деполитизирана јавна администрација?

14.03.2016 16:28

Како да се дојде до професионална и ефикасна администрација ослободена од политички и какви било други влијанија во интерес на развојот на земјата, обезбедување подобри сервис услуги за граѓаните, но и приближување до Европската унија, беа темите на кои денеска расправаа учесниците на јавната расправа на тема „Итни реформски приоритети за Република Македонија-Деполитизација на јавната администрација“ организирана од собраниската Комисија за европски прашања.

За опозицијата, јавната админситрација е исполитизарана, за мнозинството ова е необјектоивна оценка. На јавната дебата Социјал-демократите ставот го поткрепија со  извештаите на европските тела.

Пратеничката од владејачката ВМРО- ДПМНЕ, Даниела Рангелова ѝ забележа на Димова за необјективност и двојни аршини. Побара јавната расправа да не се користи за политички препукувања 

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Томовска Арсовска посочи дека реформите кои се спроведени, не се само козметички, туку суштински и длабински.

На Македонија ѝ останува предизвикот да обезбеди јавна администрација ослободена од политички и партиски влијанија, смета вицепремиерот задолжен за европски прашања Бесими, зашто деполитизацијата на јавната админситрација сигурно ќе биде адресира и на наредниот совет на Европската унија.

Фиљана Кока