600- 700 мигранти илегално ја минале границата, МВР работи на нивно враќање во Грција

14.03.2016 16:37

Веднаш интервенирале безбедносните сили на Република Македонија за да се спречи влез на уште поголем број бегалци од грчка територија во земјава.

Пред два часа 600-700 мигранти илегално ја минале македонската граница близу до старата караула кај село Моин, во близина на Гевгелија. Веднаш интервенирале безбедносните сили на Република Македонија за да се спречи влез на уште поголем број бегалци од грчка територија во земјава.

Во моментов, информираат од МВР, се работи на враќање  на илегалните мигранти во Грција. Од полицијата и од армијата исто така  информираат дека се преземени и зајакнати мерки за обезбедување на границата.