Утре караванот „Купи куќа за млади“ во Прилеп, Крушево и Македонски Брод

15.03.2016 10:04

Караванот е планирано да одржи презентации во вкупно 30 општини...

Утре во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржат презентации во Прилеп, во Општината во 16 часот, во Крушево, во ОУ „Никола Карев“ во 17 часот и во Македонски Брод, во Општината во 17 часот, соопшти Министерстовото за финансии.

Караванот е планирано да одржи презентации во вкупно 30 општини. Следните презентации се во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Тетово, Гостивар, Кичево,  Берово и Дебар.