Ќе се формира Државна клиника за кардиохирургија

24.01.2014 13:55

Државната кардиохирургија прво ќе биде сместена во објектот на Хируршки клиники се додека не заврши реализацијата на тендерот и градежните работи

На денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров рече, дека Државната кардиохирургија прво ќе биде сместена во објектот на Хируршки клиники се додека не заврши реализацијата на тендерот и градежните работи за реконструкција на Клиниката за кардиологија каде во иднина ќе биде сместена таа јавна здравствена установа.

Тој посочи дека првпат по 50 години во Република Македонија Владата ја основа првата Државна кардиохирургија, со што се решава повеќедецениски проблем кој претставува еден од националните медицински приоритети.