Македонка загина во терористичкиот напад во Брегот на Слоновата Коска
15.03.2016 10:59
Таа претходно работела во канцеларијата на ОН, во Кандахар во Авганистан, а потоа била префрлена на работа во Брегот на Слоновата Коска.

Меѓу убиените странски државјани во нападот на Ал Каеда во туристичкото место Гранд Басам во Брегот на Слоновата Коска има и македонска државјанка, Анита Андреевска.
Таа претходно работела во канцеларијата на ОН, во Кандахар во Авганистан, а потоа била префрлена на работа во Брегот на Слоновата Коска.
Во нападот на терористите загинаа најмалку 18 лица.
