„Границите не се затворени, ако пешачите 5 км ќе влезете во Македонија“- кој и зошто ги делел овие флаери во Идомени?

15.03.2016 12:50

Се очекува Скопје да даде голема дипломатска димензија на предметот со масивната инавзија на бегалци и мигранти од кампот во Идомени кон територијата на ПЈРМ попладнето, осудувајќи ја Грција за неактивнот на властите, пишува „Катимерини“.

Вчера вечер во Атина беше свикан итен состанок на грчките власти на иницијатива на премиерот Алексис Ципрас, откако весникот „Катимерини“ повикувајќи се на добро информирани извори од нашата земја, објави дека во најбрзо време се очекува реакција од македонската влада за вчерашниот инцидент на границата.  Состанокот на кој што присуствуваа замениците министри за одбрана, за миграција, за поморство и останати владини преставници, според „Катимерини“ бил свикан по информациите дека Македонија ќе ја обвини грчката страна дека не ги спречила бегалците да дојдат до границата, иако требаше да го стори тоа.

Се очекува Скопје да даде голема дипломатска димензија на предметот со масивната инавзија на бегалци и мигранти од кампот во Идомени кон територијата на ПЈРМ попладнето, осудувајќи ја Грција за неактивнот на властите, пишува „Катимерини“.

Грчките медиуми информираат и дека вечерта пред инцидентот, во кампот во Сехово, односо Идомени биле делени флаери со пораки „Германија е отворена за вас“ и „границите не се навистина затворени, па ако пешачите 5 километри, ќе успеете да преминете во Македонија“. Токму овие флаери, на кои што имало и прецизни упатства за тоа по кој пат да се движат мигрантите и бегалците за нелегално да ја минат границата, биле запленети од страна на македонската полиција при претресот на уапсените во вчерашниот инцидент.

„Претходната вечер наводно биле поделени листови, кои што според информациите, сигерирале дека границата е виртуелно затворенa и дека ако пешачат пет километри, би можеле да преминат во Македонија, што предизвика илјадници бегалци да го почнат својот пат кон границата, кратко по 12 и 30 на пладне“, пишува „Катимерини“.

Порталот „Keep Talking Greece“ јавува дека на флаерите се тврдело дека границата не е всушност затворена и дека на 5 километри од таму, може да навлезат во македонска територија.

Меѓудругото, на памфлетот се велело и „Границите на Германија се отворени за тебе“. Листовите биле наводно делени во недела вечер, а околу 12 на пладне во понеделникот правата група го напушти кампот во Идомени. Сеуште е нејасно кој стои зад оваа акција и што беше целата на тоа да се пратат околу 2.000 очајни лица на толку опасен премин, кој што сигурно нема да ги одведе во Германија, пишува порталот.

 

Марија Котовска, постојан дописник од Атина за МРТ