ОЕЦД: Македонија прворангирана во 6 сектори

15.03.2016 13:33

Меѓу шесте земји од регионот, во 13 анализирани сектори Македонија е прворангирана во: трговска размена, развој на дигитално општество, транспорт, пристап до финансии, даноци и јавни услуги.

Македонија е земја лидер во последниот извештај на Организацијата за европската економска соработка и развој. Меѓу шесте земји од регионот, во 13 анализирани сектори Македонија е прворангирана во: трговска размена, развој на дигитално општество, транспорт, пристап до финансии, даноци и јавни услуги.

Најголем простор за напредок има кај инвестициите каде земјава е трето рангирана и во секторот на културата и креативните бизниси, каде што сме рангирани на четврто место.