Битка за медали
Домаќинот и актуелен европски првак Данска, светскиот првак Шпанија, европскиот шампион од 2010-тата Франција и моќната Хрватска очекувано се дел од завршницата на 11-тото европско првенство во ракомет.
Завршница како што може да се посака , во која сите влегуваат со свои сметки.

Од 18 часот и 30 минути во првиот полуфинален дуел во Јуске Банк Арената во Хернинг ќе играат Франција и Шпанија. Триколорите последната од двете европски титули ја освоија пред 4 години , додека шпанците ќе се обидат да ја обединат светската и европската титула која им недостасува во богатата ризница.Последните две меѓусебни средби на овие две селекции и припаднаа на Франција, но интересно во период од две години од 2009-тата д 2011-тата дури 3 пати играа нерешено. Разликата во полза на Франција ја прави одличниот голман Омејер, додека на шпанците забележително им недостасува Штербик.
Во второто полуфинале од 21 часот Данска –Хрватска. 15-ти дуел на овие две селекции во последните 10 години. Хрватска води со 8-6 во победи, на 8-те средби на европските шампионати резултатот е 4-4.
2008-та играа европско финале, победи Данска со 24-20, минатата година светско полуфинале, одново Данска славеше со 30-24.
Домаќинот го брани златото од Србија, ќе ја има и подршката на 14 илјади гласни навивачи. Хрватите велат дека Микел Хансен не ги загрижува , а публиката ќе биде притисок за домаќинот. Два меча како најава за големата завршница в недела, но и за ракометно уживање.