Презентирана програмата за „Дојран- град на културата за 2016“

15.03.2016 14:48

Изложби на македонски ликовни актери, претстави на Театарот за деца и младинци и Театарот Комедија, фолклорен викенд, Фестивал на боите, а за отворањето на Град на културата на 19-ти март, концерт на наши реномирани уметници.

Театарски претстави, ревии на филмови, музички концерти, ликовни изложби, литературни промоции, традиционални фестивали. На 19-ти март на плоштадот „Под јаворите“ ќе се отвори манифестацијата „Дојран- град на културата“. Опстојува 13 години, а целта е да се афирмираат македонските автори, репродуктивни уметници и ансамблите.

Изложби на македонски ликовни актери, претстави на Театарот за деца и младинци и Театарот Комедија, фолклорен викенд, Фестивал на боите, а за отворањето на Град на културата на 19-ти март, концерт на наши реномирани уметници.

Годинава целосно ќе се возобнови и конзервира црквата „Св. Пророк Илија“ од 19-ти век која е симбол на градот Дојран. Се одбележуваат и 100 години од уништувањето на оваа црква од Првата Светска војна. За целосната обнова Министерството за култура издвои околу 4 милиони денари.

Со манифестациите „Дојран- град на културата“, „Топол културен бран“ и „Културно лето“, градот Дојран станува значаен туристички центар, рече министерката Канческа.

 

Александра Перевска