Ден на потрошувачите: Поднесени повеќе од 8.000 претставки
Од Организацијата на потрошувачи велат дека е потребна подобра регулатива за да се заштитат потрошувачите.

Неквалитетни производи од бела техника, мобилни телефони, компјутери, неквалитетни услуги од кабелските и мобилните оператори, поплаки за изминат рок, проблеми со гаранцијата. Потрошувачите сè почесто си ги бараат своите права. За една година, на адреса на Државниот пазарен инспекторат и на Организацијата на потрошувачите испорачале повеќе од 8 илјади претставки.
Од Организацијата на потрошувачи велат дека е потребна подобра регулатива за да се заштитат потрошувачите.
На безбедносна на храната се внимава – уверуваат од ресорната Агенција. Се правеле редовни контроли на месото и на млекото.
Храната во претстојниот период ќе се означува по европски терк.
Од Министерството за економија најавија дека во претстојниот период внимателно ќе ги следат измамите при он-лајн купувањето.
Освен стандардните поплаки, граѓаните сè почесто се жалат и за ненавремени известувања за заостанати долгови, но и за сервисирање на производите.
Дијана Ценевска
