Тенис

Го посакуваше Федерер го доби Надал

24.01.2014 15:21

Вавринка го доби својот противник за Австралискиот последен тениски грен слем ден...

Вавринка го доби својот противник за Австралискиот последен тениски грен слем ден. Со сигурност нема швајцарско финале на централниот тениски терен во Мелбурн. Швајцарскиот ќеиф го расипа токму оној од кој им паѓа темнина пред очи, барем кога се работи за австралискиот турнир, Рафаел Надал.
 
Светскиот број еден Надал и некогашниот на таа позиција Федерер ја одиграа 33-тата класика, далеку од предходните 32 кога надмудрувачкото волшебството хипнотизираше. Овојпат шпанецот со 3:0 ја потврди подготвеноста за трето Австралиско финале, а уште поцврстата решеност за второ подигнување на пехарот во Мелбурн. Ако првиот сет наговести можна неизесност играјќи гем за гем до тај брејк, останатите две беа чиста демононстрација на моменталната сила, сигурност и раскошност со која располага шпанецот. Нема да му биде лесно барем по она што доттука го покажа неговиот последен противник во Мелбурн Вавринка како капацитет, прво елиминирајќи го бранителот, Ѓоковиќ, а потоа и подобро рангираниот Бердих. 
 
Досегашната статистика и пишаното на хартија оди на сметка на Надал кој во досегашните 12 надигрувања на сите слави, а и настапот пред 7 години на Род Левер Арената оди на сметка на шпанецот. Но токму сево ова дава дополнителна сатисфакција и мотив за швајцарецот, 13-ката да ја претвори во своја неизмерна среќа со која Вавринка би го запишал покрај првото во кариера грен слем финале и прв трофеј. Она што е со сигурност јасно е дека победникот ќе прокнижи нови 2 ипол милиони и ситно австралиски долари на своето банковно конто. 
 
Потсетуваме утрешниот последен ден кај дамите ќе го отворат и затворат супер изненадувањето, словачката тенисерка Цибулкова, 24-то рангираната и супериорната во Мелбурн кинеската На Ли.