Македонски автори на Саемот за книга во Париз

16.03.2016 12:39

Повеке од 400 вредни книги на познати македонски автори, монографии и публикации ќе ги презентираат богатото културно наследство, традицијата, културата, и историјата на нашата држава.

Македонското книжевно творештво од 18- ти март на три саемски манифестации во Париз. Ќе учествуваат 1.200 издавачи, претставници на 50 држави од Европа и Светот, над 4.500 автори. Ова е еден од најзначајните средишта за претставување на издавачката индустрија од целиот свет. Македонија има над 35 годишна традиција на саемот.

„Последните години сме сведоци на една поинтензивна промоција на делата на македонските автори на француски јазик. Токму преку конкурсот за странските издавачи, неодамна на француски јазик е преведен романот „Вештица“ од Венко Андоновски, како и одбраните драми од Јордан Плевнеш“, изјави министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска.

Повеке од 400 вредни книги на познати македонски автори, монографии и публикации ќе ги презентираат богатото културно наследство, традицијата, културата, и историјата на нашата држава.

„Со претставувањето на Саемот на книгата сакаме да се надоврземе на постојните културни и книжевни врски помеѓу македонската и француската културна и книжевна сцена, истата да ја продлабочиме и да ја продолжиме, со крајна цел поголем број автори да бидат објавени пред сѐ на француски, но и на другите светски јазици“, изјави Бојан Саздов, главен уредник од издавачката куќа „Три“.

Целта е, како што рекоа, македонските книжевни, преведувачки и издавачки достигнувања да бидат забележани и на најзначајните меѓународни саеми на книгата во светот.

На 18- ти март пред публиката во Париз ќе се обратат авторите Луан Старова, Јордан Плевнеш и Владимир Мартиновски на трибина со наслов „Македонија како книжевна и духовна дестинација на Европа“.

 

Александра Перевска