Раст од 6,9% на прометот во индустријата во јануари

16.03.2016 12:47

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи опаѓање од 1,1%, додека прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 8,6%.

Прометот во индустријата во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година пораснал за 6,9%, соопшти Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи опаѓање од 1,1%, додека прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 8,6%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2016  година, во однос на јануари 2015 година, бележи опаѓање од 25%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,4%.

Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи пораст кај Капитални производи за 30,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 53,5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6%.