Формула 1

Бараа 10, добија 1

24.01.2014 15:54

Според последните одлуки на советот за моторспорт, болидите во формула 1 натпреварувањето во претстојната сезона ќе тежат максимални 691 килограм или 1 килограм повеќе од досега дозволеното. Излезено е во пресрет на барањето на Пирели,поради новата спецификација на пневматиците за 2014-тата  да се дозволи дополнителна тежина од 1 кг, поради количината на кевлар во новите пневматици.

Од новите измени на прописите за 2014-тата одобрение од спортската комисија на Ф1 и тимовите чекаат и предлозите судиите да можат да изречат казна од 5 секунди што ќе може  да се издржи пред пит-стопот, возачите да не смеат да ги оставаат болидите на патеката по завршување на трките зошто тоа ќе се смета дека немале доволна количина гориво во резервоарот, 6 пати да биде дозволено пробивање на полицискиот час за корекции и поправка на болидите и целокупниот персонал во гаражите да носи заштитни кациги.

Според најавите 10-те барани килограми за лимитот на тежината на билидите тимовите ќе ги добијат во 2015-тата за кога се предлага и забрана на користење на електричните ќебиња за загревање на пневматиците.