Царината заплени над 8,5 килограми злато
Од преземените предистражни мерки и активности било утврдено дека по претходен договор со лица од Турција и во соработка со турска автобуска превозна компанија која ја одржува редовната линија Истанбул - Гостивар, го организирале криумчарењето на златниот накит, се вели во соопштението на Царината.

Царината заплени над 8,5 килограми злато, чијашто вредност се проценува на над 200 илјади евра. Златото било откриено при претрес на патничко моторно возило на патниот правец Гостивар – Дебреше и било наменето за македонскиот пазар.
Пронајдени биле три најлонски кеси со 2.127 парчиња златен накит. Од преземените предистражни мерки и активности било утврдено дека по претходен договор со лица од Турција и во соработка со турска автобуска превозна компанија која ја одржува редовната линија Истанбул - Гостивар, го организирале криумчарењето на златниот накит, се вели во соопштението на Царината.
По завршување на истрагата и целосно документирање и расчистување на случајот, Царинската управа против сторителот ќе поднесе кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ и утврдување и кривично правно санкционирање и на други инволвирани лица.
