Од почетокот на 2015 година во Грција пристигнале речиси милион мигранти
Меѓународната организација за миграции (ИОМ) наведува дека од почетокот на годината до Европа пристигнале точно 152.697 мигранти и бегалци. Главниот дел од нив пристигнале на грчките острови (143.205), а останатите во Италија (9. 492).

Што се однесува до Грција, освен пристигнатите 143.205 лица по море, властите информираат дека 1.013 лица грчката територија ја минале и по копно од Турција. Сегашниот прилив на мигранти и бегалци Милман го карактеризира како суштински, бидејќи само меѓу 11 и 13 март во Грција преку Средоземно Море пристигнале над 4. 000 бегалци.
Според неофицијални броења на ИОМ, од почетокот на 2015 година Грција примила 996.855 мигранти и бегалци кои стигнале по морски пат. Прагот од милион мигранти и бегалци ќе биде достигнат оваа недела, констатира портпаролот.