Убиениот во полицската акција во Брисел бил Алжирец поврзан со ИД

16.03.2016 13:39

Мохамед беше убиен кога отворил оган кон полицијата. Во станот, во кој се наоѓал полицијата пронашла знамиња на групата Исламска држава, 11 шаржери за автоматска пушка „Калашников“

Алжирецот Белкаид Мохамед е осомничениот терорист, кој беше застрелан во вчерашната операција на полицијата во Брисел, соопшти денеска белгиското Јавно обвинителството, додавајќи дека тој илегално престојувал во Белгија.

Мохамед беше убиен кога отворил оган кон полицијата. Во станот, во кој се наоѓал полицијата пронашла знамиња на групата Исламска држава, 11 шаржери за автоматска пушка „Калашников“, исламистичка литература и експлозивни направи.

Во станот се наоѓале уште двајца мажи, кои успеале да побегаат и засега се уште се на слобода.

Белгиските медиуми јавија дека синоќа биле приведени 58 лица и биле спроведени над сто рации во Брисел.