Од јуни, директен лет Белград- Охрид
16.03.2016 14:09
Српскиот национален авиопревозник „Ер Србија“ ќе лета за Охрид во понеделник, среда и петок со авионот АТР кој има 66 седишта.

Како што информираат од „Ер Србија“ од почетокот на месец јуни српскиот авиопревозник одлучи да воведе летови од Белград за Охрид. Српскиот национален авиопревозник „Ер Србија“ ќе лета за Охрид во понеделник, среда и петок со авионот АТР кој има 66 седишта.
Коко што изјави генералниот директор на „Ер Србија“ Дане Кордиќ, воведувањето на директни летови за Охрид преставува значаен настан за развојот на регионалната мрежа со која на туристите ќе им се овозможи брз и комфорен пристап на една од најубавите дестинации во Македонија.
