Ќе нема лесни противници за Македонија
Македонската фудбалска репрезентација ќе биде дел од петтата квалитативна група при извлекувањето на противниците во квалификациите за Европското првенство во Франција во 2016-та година и официјално денеска потврди УЕФА иако ваквата ситуација беше позната и претходно. Со нашата селекција ќе бидат и Исланд, Северна Ирска, Албанија, Литванија, Молдавија, Азербејџан, Грузија и Кипар што значи дека овие репрезентации не можат да бидат во група со Македонија.

Првпат во историјата на континенталните шампионати ќе играат 24 репрезентации. Директен пласман во Франција покрај домаќинот ќе обезбедат и најдобрите две селекции од деветте групи, како и третопласираната репрезентација со најмногу бодови. Преостанатите селекции што ќе бидат трети во групите преку четири бараж пресметки ќе се пласираан на Европското првенство.
Извлекувањето на квалификациските групи ќе биде на 23 февруари во Ница. Составот на садовите одреден според рејтингот и постигнувањата на претходните шампионати е следен:
1. Шпанија, Германија, Холандија, Италија, Англија, Португалија, Грција, Русија, БиХ
2. Украина, Хрватска, Шведска, Данска, Швајцарија, Белгија, Чешка, Унгарија, Република Ирска
3. Србија, Турција, Словенија, Израел, Норвешка, Словачка, Романија, Австрија, Полска
4.: Црна Гора, Ерменија, Шкотска, Финска, Летонија, Велс, Бугарија, Естонија, Белорусија
5. Македонија, Исланд, Северна Ирска, Албанија, Литванија, Молдавија, Азербејџан, Грузија, Кипар
6. Луксембург, Казахстан, Лихтенштајн, Фарски Острови, Малта, Андора, Сан Марино, Гибралтар
Дуелите во групите ќе се одиграат во периодот од 7 септември 2014-та до 13 октомври 2015-та, додека плеј оф мечевите ќе бидат во ноември наредната година..