Со финансиска поддршка ќе се окрупнува добиточниот фонд
Нови законски измени наменети за сточарите. Преку финансиска поддршка стимулативно ќе се дејствува на окрупнување на добиточниот фонд...

Со земјоделие и сточарство се занимаваме од дедо- прадедо, вели Боби Петровски од Новаци. Сега кога ќе се субвенционира инвестицијата и сточарството ќе оди полесно, а производството ќе биде поголемо и ќе ја гарантира економската одржливост, вели пелагонискиот фармер.
„Вака можиме да одиме напред. Денес произведувам окулу 200 литри млеко и благодарение на финансиските поддршки од минатите програми, ја подновивме и механизацијата“, вели пелагонискиот сточар Боби Петровски.
Финансиската поддршка за набавување квалитетни грла ќе биде највисока кај сточарите кои имаат до четири крави. Во втората категорија влегуваат оние до десет грла, а половина од инвестицијата ќе можат да ја повратат и оние што имаат над оваа бројка.
„За овие со до четири грла финансиската поддршка ќе биде деведесет проценти, за втората категорија дваесет проценти помалку. На сточарите им преостанува да достват уреден инвестиционен план и апликација која ќе им овозможи реализација на инвестицијата“, вели заменикот министер за земјоделие, Ванчо Костадиновски.
Во изминатите неколку зејоделците од овој регион преку другите субвенционирања досега добиле околу шест милиони евра и еден милион евра за подобрување на инфеаструктурата.
„Во нашата општина не постои ниту педа необработено земјиште, а секоја куќа речиси има подновена механизација“, вели градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.
Во новите законски измени својот интерес го препознааа и земјоделците од другите сектори. Голема придобивка ќе донесе и измената со која наплатата за предадениот род кај преработувачките капацитети се намалува од шест на три месци.
Стевче Митревски
