Инфраструктурен развој

Пречистителната станица во Прилеп ќе биде готова годинава

16.03.2016 16:26

Прилеп годинава ќе го изгради еден од најголемите инфраструктурни објекти- пречистителната станица за отпадните води. Зафатот опфаќа и нови 65 километри канализациона мрежа. Покрај инфраструктурно, Прилеп економски зајакнува- за 9 години за 10.000 лица е намалена бројка на невработените...

Во Прилеп забрзано се работи на изградбата на пречистителната станица за отпадните води, еден од најголемите проекти во заштитата на животната средина. Целиот зафат вклучува обнова, во две фази, на вкупно 65 километри канализациона мрежа.Се градат паралелно со пречистителната станица

Интензивно се гради. Имаше одреден период застој поради одредени причини, но во овој момент мислам дека изведувачот има доведено поголеми екипи и мислам дека тоа загубено време ќе биде надоместено, вели Сашо Николоски, директор на ЈП „Водовод и канализација.

Водоводната мрежа, пречистителната станица и идната фабрика за селектирање на отпадот се најголемите инфраструктурни зафати во Прилеп

Со овие три проекти Прилеп ќе се вбројува во градовите кои ќе имаат европски атрибути, рече Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Нема застој во изградбата на станицата.

Еден од најкрупните проекти, заедно со обновата на канализационата мрежа, еднаш засекогаш ќе го реши прашањето за третман и прочистување на отпадните води за градот Прилеп. Според ова што може да се види работите се одвиваат со динамиката што е возможна во овие врменски услови, вели Зоран Ставревски, вицепремиер и министер за финансии.

Канализационата мрежа ќе биде готова в година.

Со обновената канализациона мрежа и со новата пречистителна станица, ќе биде заокружен големиот проект вреден над 20 милиони евра, главно пари од ЕУ. Станицата ќе биде готова до крајот на годинава, а е проектирана за преку 95.000 жители.

Прилеп инфраструктурно се развива. Стопанскиот развој го обезбедуваат новите капацитети во индустриската зона, странските инцвестиции и проектите на Агенцијата за вработување. За девет години за 10.000 лица е намалена бројката на невработените.

 

Елизабета Митреска