Како до Катар?
По настапот на нашата селекција на европското првенство во Данска, вниманието на љубителите на ракометот во нашава земја сега е насочено кон претстојната ждрепка за бараж натпреварите за настап на светското првенство во Катар во 2015-тата.
Извлекувањето е в недела на последниот ден од европското од 13 часот, а дефинитивно е потврдена и процедурата на ждрепката.
Во првиот сад ќе бидат носителите. Покрај Македонија меѓу носителите се и Австрија, Белорусија,Унгарија ,Полска,Русија ,Србија и Шведска што неможат да бидат наши противници во баражот.

Можните доаѓаат од вториот сад: Норвешка, Чешка, Црна Гора, Германија, Босна и Херцеговина, Грција, Литванија, Романија и Словенија.
Бараж натпреварите ќе бидат одиграни на 7/8 јуни и реваншите на 14/15 јуни. Победниците ќе им се придружат на актуелнот светски првак Шпанија, најдоброрангираните од ЕП во Данска , Хрватска, Данска и Франција како и на домаќинот Катар на првенството што ќе биде одржано од 17 јануари до 1 февруари 2015-тата.