Димитриев: Над милион евра за нови патишта во Крива Паланка

16.03.2016 16:33

Над милион евра ќе се инвестираат во нови патиша во Крива Паланка. Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев го означи почетокот на изградбата на две делници. Со патот до манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ се очекува поголем туристички развој на регионот...

Државата ќе инвестира над милион евра во изградба на нови патишта во Крива Паланка. Почна да се гради локалниот пат до манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, како и патот во село Жидилово. Според премиерот за спроведување на изборите, Димитриев, со ова ќе им се олесни животот на граѓаните.

Градоначалникот вети нови инфраструктурни проекти и изградба на канализациони мрежи со пречестителни станици во Мождивњак, Дурачка Река и Длабочица, нов пат и до туристичкиот локалитет „Калин камен“.

Димитриев посетата на Крива Паланка ја заврши со средби со граѓани.

 

Викторија Милевска