Јавна седница во Врховен суд за двојното убиство во Вевчани
Врховниот суд одржа јавна седница. Пред судиите сведочеше Здравко Србаковски, осуден на доживотен затвор за двојното убиство во Вевчани. Побара од судот да му ја намали казната и да ја земе предвид неговата возраст. Не негира дека убил, но тврди дека бил испровоциран...

„Имам дадено три пати изјава. Сѐ што имам кажано е извртено против мене“. Вака ја почна својата изјава пред Врховните судии Здравко Србаковски, обвинет на доживотен затвор поради двократното убиство во Вевчани. Пред речиси две години со пиштол ги уби Матеј Ѓурчевски и Владо Попески, а уште двајца вевчанци беа повредни. Обвинетиот тврдиубиството не го планирал, бил пијан,а на делото му претходел физички напад од Попески, како и навреди кои му ги упатил пред кобната вечер.
„При носењето на одлуката да се земат предвид сите олеснителни околности, обвинетиот има 58 години и со казна од 15 – 20 години би се постигнала постапката“, изјави Ихмет Нуран, адвокат на обвинетиот.
Судечкиот совет утврди дека на седницата во битолска Апелација која била јавна по барање на обвинетиот, не биле повикани ниту тој, ниту неговиот адвокат. Според Јавниот обвинител, казната е соодветна на стореното дело.
„Аргументирано се произнесе по сите спорни прашања, па и оние кои сега се повторуваат, за постоење на немање намера, а сега се оди по искажување на обвинетиот евентуално за можна одбрана и слично“, изјави Драгољуб Цакиќ, јавен обвинител.
Во наредниот период Врховниот суд ќе треба да му пресуди на Србаковски.
Наташа Јанчиќ
